13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на акциите на Apple ги потикна индексите на Волстрит

Растот на акциите на Apple ги потикна индексите на Волстрит

wall-street-binary-options

На Волстрит во средата S&P 500 индексот забележа благ раст, откако четири дена по ред беше во пад, што најмногу се должи на растот на цените на акциите на Apple бидејќи овој технолошки гигант објави дека резултатите се подобри отколку што беше очекувано.

Dow Jones зајакна за 26 бодови или 0,14 отсто, на 19.890 бодови, додека S&P 500 забележа раст од 0,03 отсто, на 2.279 бодови, a Nasdaq индексот за 0,50 отсто, на 5.642 бодови.

Повеќето компании, кои досега известија за резултатите од последниот квартал од минатата година, исто така забележа поголем профит отколку што се очекуваше.

Сепак Exxon не успеа во тоа, па така цените на акциите на овој нафтен гигант вчера се лизна за повеќе од 1 отсто.

S&P индексот во финансискиот сектор повеќето од тргувањето го помина во добивка, но денот го заврши во плус од само 0,04 отсто бидејќи инвеститорите ги разочара FED кој не наговести кога би можел да ги зголеми каматните стапки.

По дводневниот состанок на водачите на американската централна банка порачаа дека растот на вработеноста и понатаму останува цврста и дека инфлацијата е посилна, што е сигнал дека економијата е на цврста основа.

„Довербата во економијата се рефлектира во пораката на FED за инфлацијата. Но, се чини дека централната банка одлучи на претпазливи перформанси, без детали, бидејќи се чека какви фискални стимулации ќе воведе претседателот Доналд Трамп “, рече Атул Лале, директор на компанијата Deltec International Group.

Од кога Трамп е избран за преседател цените на акциите забележаа силен раст и достигнаа рекордни нивоа бидејќи инвеститорите очекуваат дека ќе ги исполни ветувањата во врска со намалувањето на данокот, зголемувањето на фискалната потрошувазка и олабавената регулатива.

Но, во последните неколку дена на пазарот го изгуби на интензитет, бидејќи инвеститорите стравуваа дека Трамп не се фокусира на најважните прашања за пазарот, туку на имиграција и протекционизам, кои негативно може да влијаат врз трговијата во светот и на финансиските пазари.

И на европските берзи цените на акциите вчера забележаа раст. Лондонскиот FTSE индекс зајакна за 0,12 отсто, на 7.107 бодови, додека франкфуртскиот DAX забележа раст од 1,08 отсто, на 11.659 бодови, а парискиот CAC за 0,96 отсто, на 4.794 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП