20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНиту на Siemens не му е сеедно: „Трамп не загрижува“

Ниту на Siemens не му е сеедно: „Трамп не загрижува“

15134395225891d8498b142154529010_w640

Генералниот директор на германскиот индустриски гигант „Siemens“, Џо Кезер, изрази загриженост поради протекционистичката политика на САД под Доналд Трамп.

„Она што го слушаме од САД во моментот не загрижува, бидејќи не се вклопува со сликата на таа земја. Америка стана голема благодарение на имигрантите“, изјави директорот на „Siemens“ на конференцијата за новинари во Минхен, додавајќи дека САД се познати по слободното движење и отвореноста.

Кезер не говореше за потенцијалните последици од американскиот протекционизам по работата на „Siemens“, но кажа дека, и покрај реториката, Трамп има многу добар тим на советници.

Со 50.000 работници во 60 фабрики во САД и околу 30 милијарди долари инвестирани во изминатите десет години, „Siemens“ се „концентрира на своите клиенти“, вели Кезер.

Германската команија, која произведува возови, ветротурбини и медицинска опрема, пријави 25-процентен раст на профитот во првиот квартал од финансиската 2016/2017 година од 1,9 милијарди евра и приходи од 19,1 милијарди евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП