23 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГлобалните спојувања и превземања со ударeн почеток на годината

Глобалните спојувања и превземања со ударeн почеток на годината

prevzemanja 33

По зголемената побарувачка во 2016-та година и предизвиците поради непредвидливата администрација на САД, компаниите ја почнаа годината ударно од гледна точка на трансакциите.

Глобалната активност кај спојувањата и превземањата (M & A) изнесува 224 милијарди долари во јануари – најголем обем од 2000-та година за првиот месец од годината, покажуваат податоците на „Bloomberg“. За прв пат од 2008-ма година Европа ја надмина Северна Америка во листата со таргетирани региони. Компании од швајцарскиот производител на лекови „Actelion“ до италијанската компанија за очила „Luxottica“ се согласија на превземања.

Силна побарувачката од минатата година, кога инвеститорите мораа да се борат со нестабилните пазари и зголемената профитабилност на обврзниците, го поскапија финансирањето на трансакции со долгови, кои придонесуваат за растот, велат аналитичарите.

На почетокот на оваа година, сепак инвеститорите добија дополнителен стимул: Доналд Трамп. Иако некои шпекулираат дека изборот на „пробизнис“ кабинетот од американскиот претседател сигнализира за поволно склучување на договори, други забележуваат дека повторените приговори за мегасоединувањето меѓу „AT&T“ и „Time Warner“ е причина за вознемиреност.

prevzemanja 34

„Можеби има чувство од типот“ да се заврши со трансакциите пред Трамп навистина да стане убедлив“, вели Џаспер Лоулер, пазарен аналитичар во „London Capital Group“. „Пазарот се поблиску е до рекордни нивоа, приносот е малку отпорен и има чувство на доверба. Во исто време администрацијата на Трамп може да се покаже малку непријателски настроена кон зделки, ако поверуваме на дел од реториката од неговата кампања“, додава тој.

Активностите на Трамп во последната недела, вклучувајќи ја извршната наредба за имиграцијата и разрешувањето на в.д. главен обвинител поради нејзиното одбивање да ја примени, ги изнервира инвеститорите на сите пазари. Последните одлуки на новиот претседател го помрачуваат нивниот ентузијазам по неговата победа.

„Не може да има непредвидливи дејства, слично на оние во последните денови, фокусирани на областа на спојувања и превземања“, коментира Кен Оделуга, аналитичар во брокерската куќа „City Index“ во Лондон. „Логично е компаниите да брзаат со спојувања и превземања во оваа фаза, бидејќи во некој момент администрацијата ќе се израмни“, заклучува тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП