2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКолку пари и имот поседуваат Груевски и Заев?

Колку пари и имот поседуваат Груевски и Заев?

gz

Државната комисија за спречување на корупција(ДКСК) во среда ги објави имотните листови на новите собраниски пратеници.

Според податоците на ДКСК, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ и поранешен премиер Никола Груевски пријавил дека има пари во банка, нешто во кеш, како и уметнички слики.

Заштедата на Груевски е најголема во денари, или 9 милиони и 600 илјади денари(над 150 илјади евра), додека во девизи има заштедено 41.000 евра, 2.000 швајцарски франци и по неколку стотини долари и фунти.

ng

Од друга страна, претседателот на СДСМ Зоран Заев нема заштеда во банка, но имаат неговата жена и ќерка, околу 35.000 евра. Заев во анкетниот лист пријавил куќа, земја, деловен простор и стан во Струмица, кои гласат на име на неговите родители.

zz

Својата законска обврска за пополнување на анкетните листови ја извршиле 118 пратеници, додека одговорите на уште двајца се очекуваат преку пошта.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП