20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМагла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка

Магла на неколку патни правци, слаб снег на Попова Шапка

magla2

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози. Слаб снег провејува на Попова Шапка. Намалена видливост поради појава на магла од 50 – 100 метри има на патните правци Скопје – Тетово и Тетово – Гостивар и од 100 – 150 метри на патните правци околу Битола и Прилеп.

Поради штрајк на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони, кој започна во понеделникот, сообраќајот не се одвива во двата правци.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини, освен на ганичниот премин Богородица, нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП