21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакпетрол лидер по промет на МСЕ

Макпетрол лидер по промет на МСЕ

makpetrol-benzinska

Речиси половината од вкупниот промет на Македонската берза за хартии од вредност во тргувањето во средата беше остварен со трансакциите на енергетската компанија Макпетрол.

Со акцијата на Макпетрол беше остварен промет од 4,4 милиони денари што претставуваше 48 отсто од вкупниот промет на Македонската берза, и притоа во класичното тргување беа истргувани само 11 лотови, додека преку четири блок трансакции беа истргувани 159 лотови. Просечната цена по која се тргуваше беше 27.163,64 денари , односно од 1,29 отсто.

Кај другите хартии од вредност со кои имаше промет најтргувана беше акциjата на Алкалоид со истргувани 232 лотови по просечна цена од 5.484,97 денари, или раст 0,81 отсто. По неа следеа акциите на НЛБ Банка со промет 0,96 милиони денари, цена 9.899,48 денари, и на Охридска банка со промет 0,85 милиони денари, цена 4.900 денари.

Губитник на денот беше акцијата на Макстил со пад на вредноста од 4,33 отсто, при што се истргуваа 2.410 лотови.

Индексот МБИ10 ја намали својата вредност за 0,12 отсто и моментално изнесува 2.227,68 индексни поени, додека индексот ОМБ остана непроменет.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП