24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОнлајн трговијата – нов поттикнувач на руската економија

Онлајн трговијата – нов поттикнувач на руската економија

rusija5

Секои три секунди некој руски државјанин купува преку „eBay“, во земјата која има најмногу интернет корисници во Европа.

Сбербанк предвидува дека до 2020 година Русија ќе стане најголемиот европски пазар и четврта во светот. Русите се релативно богати и сакаат да трошат, а имаат БДП по глава на жител сличен како западните развиени земји, а различен од ченовите на БРИК.

Економистите се повеќе се согласуваат дека најголемиот поттикнувач на руската економија во наредните години ќе биде токму приватното купување, а не големите залихи на нафта и гас кои ги поседува оваа земја. Меѓутоа, освен потрошувачката во физичките продавници, Русите се повеќе ги освојуваат и виртуелните продавници.

Статистиката на „eBay“ покажува дека секои три секунди некој Русин купува преку овој веб-сајт. Во текот на минатата година на „eBay“ Русите оставиле околу 400 милиони долари, а тоа е за дури 54 проценти повеќе од износот во 2011 година.

Растот во онлајн шопингот, но и на шопингот во Русија воопшто, доаѓа како последица на се поголемата и побогата средна класа во земјата, која масовно ги открива привилегиите на онлајн купувањето. Неодамна и американскиот „Amazon“ отвори канцеларија во Москва, за која вели дека секојдневно бележи зголемен број на клиенти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП