10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПо дводневниот пад цените на акциите на европските берзи забележаа раст

По дводневниот пад цените на акциите на европските берзи забележаа раст

берзи-азиски-европски-berzi-aziski-evropski

На европските берзи во среда наутро цените на акциите забележаа раст, по дводневниот пад, притоа најголем раст има во финснсискиот и индустрискиот сектор.

STOXX 600 индексот на водечките европски акции околу 9:30 часот беше во плус од 0,7 отсто, откако вчера склизна за толку.

Лондонскиот FTSE, парискиот CAC и франкфуртскиот DAX индекс во 9:30 часпт беа во плус помеѓу 0,7 и 0,9 отсто.

Најмногу за 7 отсто, утрово скокна цената акците Volvo бидејќи овој швајцарски производител на камиони во последниот квартал од минатата година постигнал поголем профит отколку што се очекуваше.

Од истата причина и цената на акциите на германската инженерска компанија Simens се зголеми за повеќе од 4 отсто, што го подржа целиот индустриски сектор.

Во финансискиот сектор е најолем раст има цената на акциите кај Julius Baer, за повеќе од 5 отсто, бидејќи оваа трета по големина швајцарска банка ги надмина очекувањата по остварената добивка.

Од друга страна, како резултат на послабите остварувања од очекувањата на аналитичарите, цената на акциите на шведскиот производител на апарати за домаќинство Electrolux падна за повеќе од 3 отсто, додека акциите на инжинерската компанија Trelleborg паднаа за повеќе од 2 отсто.

На азиските берзи ова утро цените на акциите зебележаа благ раст, па така MSCI индексот на азиско-пацифички, без јапонските, зајакна за 0,1 отсто.

На берзата во Токио Nikkei индексот зајакна за 0,6 отсто, на 19.148 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП