Официјални претставници од 28 земји членки на Европската унија (ЕУ) и Европскиот парламент постигнаа договор за намалување на цената на телефонски разговори во роаминг, соопштено е денеска во Брисел.
Тие се договорија колку мобилни оператори можат да наплатуваат едни со други за користење на нивната мрежа како би обезбедиле роаминг услуга, со што значително ќе се намали цената за корисниците на овие услуги.
До сега граѓаните на ЕУ мора да плаќаат високи роаминг услуги кога се во посета или работат во друга земја членка. Веќе долго време тоа се смета како фактор кој го отежнува безпрекорниот заеднички пазар помеѓу земјите членки.
Оваа мерка треба уште да ја добие и својата правна рамка, а потоа ќе мора да биде одобрена од страна на земјите членки на ЕУ, но постигнувањето на заедничкиот став се смета за важен чекор.