10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на Франција солиден, но сепак далеку од очекувањата

Растот на Франција солиден, но сепак далеку од очекувањата

francijakrizafrance

Бруто домашниот производ на Франција скромно забрза во четвртиот минатогодишен квартал.

Сепак, втората најголема економија на еврозоната не успеа да ја достигне зацртаната цел на владата за цела 2016 година.

БДП на Франција во послeдните три месеци од 2016 година порасна за 0,4 проценти, благодарение на растечките корпоративни инвестиции и приватната потрошувачка, по растот на БДП од 0,2 проценти од третиот квартал и падот од 0,1 проценти во вториот квартал, соопшти француското статистичко биро Инсее, пренесува агенцијата Франс прес.

Сето тоа придонесе за економскиот раст во цела 2016 година да достигне 1,1 проценти, што е под очекувањата на владата и прогнозираните 1,4 проценти.

„Втора година по ред, економската активност беше динамична, овозможувајки намалување на невработеноста и буџетскиот дефицит“, се наведува во соопштението на францускиот министер Мишел Сапен.

Бројот на невработени во Франција, кој и понатака се движи околу 3,5 милиони, е намален минатата година за прв пат од 2007 година.

За оваа година, владата во Париз предвидува раст од 1,5 проценти благодарение пред се на даночните олеснувања за корпоративните инвестиции, наведува АФП.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП