19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТрошоците за Трансадриатскиот гасовод ќе изнесуваат 4,5 милијарди евра

Трошоците за Трансадриатскиот гасовод ќе изнесуваат 4,5 милијарди евра

tap 000011

Сметките околу реализацијата на Трансадриатскиот гасовод (TAP) веќе се финализирани и трошоците за него ќе достигнат 4,5 милијарди евра. Тоа го пресмета директор на проектот Иан Бредшо пред новинската агенција „Анадолија“, пишува „Energy Terminal“.

Проектот е дел од Јужниот гасен коридор, кој треба да транспортира природен гас од Каспискиот регион во Европа. Тој ќе се поврзе со Трансанатолскиот гасовод (TANAP) и низ територијата на Грција и Албанија ќе обезбеди снабдување на суровини до бреговите на Италија.

Вкупната должина на „ТАР“ е 878 километри, а неговиот капацитет е 10 милијарди кубни метри гас годишно. Овој капацитет сепак може да биде зголемен преку изградба на уште неколку компресорски станици по трасата.

Јужниот гасен коридор е поддржан силно од европските институции, бидејќи тој ќе донесе вистинска диверзификација на изворите и на трасата на природен гас во Европа.

Изградбата и на „TAP“, и на „TANAP“ оди според планот. По трасата на гасоводот на територијата на Грција до 23-ти јануари 2017-та година за изградба веќе се подготвени околу 200 километри, а 100 километри од цевките дури веќе се заварени. Кон 60% од цевките, потребни за реализација на проектот, беа доставени кај нашиот јужен, предвиде уште Бредшо.

Преку Трансадриатскиот гасовод и Македонија ќе може да добива гас од Азербејџан. Тоа ќе се случи преку гасната врска на Бугарија со овој гасовод, откако властите на нашиот источен сосед ќе ја договорат изградбата на станица до Стара Загора. Останува да се види дали овој проект ќе се реализира и да се донесе гас во нашата земја.

tap 000012

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП