9 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа саемот во Истанбул наградата за најорганизиран штанд ја доби Македонија

На саемот во Истанбул наградата за најорганизиран штанд ја доби Македонија

saem tr makedonija

Македонија е добитник на наградата за најорганизиран штанд на еден од најголемите и најпосетени интернационални саеми за туризам во светот во Истанбул, Турција.

Во конкуренција од повеќе од 80 држави и над 5.000 институции лоцирани во 12 хали, штандот на Македонија е прогласен за најорганизиран штанд за 2017 година на 21. по ред саем за туризам во Истанбул.

Саемот во Истанбул кој е еден од петте најголеми саеми за туризам во светот, беше посетен од 46.670 посетители во периодот од 26-29 јануари 2017 година, а присутни беа 450 тур-оператори од 55 земји.

Агенцијата за туризам на саемот во Истанбул ја презентираше природата, културата и отоманските споменици во Македонија, вклучувајќи ги и македонската традиција и туристичките посети на градовите.

Штандот на Македонија беше посетен од турскиот министер за култура и туризам, Наби Авци, како и Генералниот секретар на Светската туристичка организација, Талеб Рифаи кои искажаа задоволство од учеството на Македонија на саемот и ги потенцираа најзините природни убавини споделувајќи ги личните импресии.

На штандот на Република Македонија во Турција, ко-егзибитори беа македонските тур-оператори Бадемтур, Генерал Турист, Фибула, Балкантиме и Вардар Експрес, а штандот го посетија и Н.Е. Живко Муцунски, Амбасадор на Република Македонија во Турција, Синиша Иванковиќ, Конзул на Македонија во Турција, како и Економскиот промотор на Македонија во Турција, Филиз Вели.

Минатата, 2016 година, Македонија ја зема првата награда за пријателство на саемот за туризам ЕМИТТ во Истанбул, Турција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар