Бројот на туристи во Словенија е зголемен поради фактот дека тоа е родната земја на американската прва дама Меланија Трамп, покажуваат податоците на Националната канцеларија за статистика.
Според податоците на канцеларијата, бројот на ноќевања на американските туристи во Словенија е зголемен за 15,4 проценти во декември и за 10,2 проценти во цела измината година.
Бројот на ноќевања во Словенија порасна за 7,6 проценти, на околу 11,1 милиони во текот на минатата година.
Вкупниот број на странски туристи е зголемен за 10,3 проценти за цела измината година, а повеќето посетители биле од Италија, Австрија, Хрватска, Германија и Србија.