4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSamsung – лидерот на пазарот за паметни телефони оствари рекорден профит

Samsung – лидерот на пазарот за паметни телефони оствари рекорден профит

samsung2

Јужнокорејскиот технолошки гигант „Samsung“ денес објави дека остварил рекорден профит во првиот квартал од оваа година, при што неговиот удел на пазарот за паметни телефони достигнал 33,1 проценти, што е највисокото ниво во историјата.

Добивката на „Samsung“ во првиот квартал достигнала рекордни 7,9 милијарди долари, 54 проценти повеќе од истиот период од минатата година.

„Samsung“ не објавува детални податоци за продажбата на паметни телефони, но аналитичката куќа „Strategy Analitics“ објави дека „Samsung“ продал 69,4 милиони паметни телефони, со 33,1 проценти удел на пазарот.

На второ место се наоѓа „Apple“ со 17,9 проценти и 37,4 милиони продадени телефони, додека „LG Electronics“ е на третото место со 10,3 милиони продадени телефони.

Доколку „Samsung“ и во вториот квартал оствари рекордна добивка од продажбата на паметни телефони, тоа за „Apple“ ќе биде силен удар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП