4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЦело пехчево слави со новиот милионер

Цело пехчево слави со новиот милионер

aaa

Атанаско Стефановски од Пехчево  во очи на својот именден, од просториите на  Државна Видеолотарија на РМ го подигна својот МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ чек, вреден 1.759.124 денари. Тој е новиот милионер . Својата среќна добивка ја освои на 27 јануари кај деловниот соработник на ДВЛМ, Лепаченце во Пехчево.

Јануари во 2017 е комплетиран со уште еден македонски милионер. Цело Пехчево и Берово славеа заедно со него. Во петокот  на 27.01.17, попладнето во 17:33, добитниот сигнал во Лепаченце го означи среќниот миг. Во прв момент го збуни нашиот редовен играч Атанаско Стефановски, кој по честитките од сите, сфати дека стана милионер. Видно возбуден, во друштво на своите пријатели, ни ја раскажа својата убава животна приказна. Често игра на видеолотариските терминали. Забавата  е неговиот мотив. Не може да се пожали дека среќата го одминува. Досега имал неколку добивки, од кои една од 60 илјади денари. Најновата, МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ е највредната досега. Му донесе фантастични 1.759.124 денари. Планот за трошење на парите од оваа убава добивка уште не го подготвил, но тоа ќе го направи наскоро. Прво сака радоста да ја сподели со семејството и пријателите.

aab

Само за потсетување, добивките ЏЕК ПОТ, Државна Видеолотарија на РМ ги стартуваше на 1ви јуни мината година. Добивките се постигнуваат со учество на ВЛТ игрите на среќа. МИНИ ЏЕК ПОТ добивките се во вредност од 5 илјади до 10 илјади денари, додека најпосакуваната МИЛИОНЕР ЏЕК ПОТ добивка е вредна од 1.200.000,00 до 1.800.000,00 денари. Досега под мотото Играј за забава, освоени се 28 Милионер Џек Пот добивки во вкупен износ од 40.990.737 денари. Покрај нив, освоени се и 3759 Мини Џек Пот добивка во вкупен износ од 28.192.532 денари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП