29 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлокиран граничниот премин Богородица

Блокиран граничниот премин Богородица

4625327065CB3745B2360E499CAD507A_201713195950

Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози. Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен.

Поради штрајк на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони, од 30.01.2017, од 16:30 часот, сообраќајот не функционира во двата правци.

Сообраќајот на патниот правец, А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП