22 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНа врвот по прометот акцијата на Комерцијална банка

На врвот по прометот акцијата на Комерцијална банка

berza

Акцијата на Комерцијална банка АД Скопје и во вторникот се најде на врвот со остварени 1,59 милиони денари или учество од над 33 отсто во вкупниот промет кој изнесуваше 4.762.710 денари.

Најголем раст на вредноста од 6,14 отст,о со истргувани 321 акција по просечна цена од 1.168,58 денари, забележа акцијата на Уни банка АД Скопје, а по неа се рангираше акцијата на Окта АД Скопје со раст од 4,94 проценти, и просечна цена од 2.410,58 денари.

Наспроти нив, на листата на губитници се најдоа, во прв ред со најголем пад од 3 отсто акцијата на РЖ Услуги АД Скопје, а по неа следеа акциите на Макпетрол АД Скопје со пад од 2,3 и на Македонијатурист АД Скопје со пад од 1,27 отсто.

Индексот МБИ-10 денот го заврши со пад од 0,60 отсто и изнесуваше 2.230,32 индексни поени, додека, пак, индексот на обврзниците повторно остана непроменет

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП