1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTuatara подготвен за производство

Tuatara подготвен за производство

ssc tuatara 5

Од компанијата „SSC North America“ пристигна веста дека суперсоничната „Tuatara“ е многу близу до почеток на производство и дека последните тестирања на нејзиниот новоразвиен 6.9 литарски V8 битурбо мотор кој располага со 1350KS и 1733 Nm вртежен момент се при крај.

Во „SSC“ велат дека тоа не е се, затоа што побарвувањето на купувачите за поголема снага лесно може да се подигне на 1700KS. Во секој случај се заедно би требало да биде повеќе од доволно „Tuatara“ да го превземе светскиот брзински рекорд кој во овој момент го држи „Bugatti Veyron Super Sport“.

ssc tuatara 501

Без оглед на импресивните перформанси, основачот на компанијата, Џерод Шелби тврди дека „Tuatara“ е инзворедно питом и пријатен автомобили кој во секојдневниот сообраќај вешто може да ги сокрива своите потенцијали.

ssc tuatara 5011

„Успеавме во намерата да направиме совршено опремен и секојдневно употреблив автомобили кој одлично ќе се снајде на сите климатски услови, но во исто време да излезе на пистата и да биде побрз од најбрзите“, додаде Шелби.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП