19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗелената енергија заштеди 16 милијарди eвра од увоз на енергетски ресурси во...

Зелената енергија заштеди 16 милијарди eвра од увоз на енергетски ресурси во ЕУ

zelenata energi00

Европската унија (ЕУ) се доближува до своите цели за зелена енергија до 2020-та година, е запишано во извештајот на Европската комисија за напредокот од воведувањето на обновливите извори на енергија во европската економија.

Документот ќе биде официјално објавен наскоро, но европското издание „Politico“ открива некои од заклучоците на експертите.

Според оценките благодарение на зелена енергија ЕУ почнува да ја намалува својата зависност од увозот на фосилните извори на енергија. Со тоа се заштедуваат околу 16 милијарди евра годишно, а и заедницата е независна од политиката на Москва во оваа област, посочува весникот.

Во однос на влијанието врз животната средина – емисијата на ЕУ се намалува со еквивалент на емисиите на земја, како Италија.

Брисел се обложува на амбициозната задача до 2020-та година, 20% од потрошувачката на енергија во заедницата да доаѓа од обновливи извори. Според изданието 17% од потрошувачката на енергија во заедницата веќе е од обновливи извори. Во однос на електричната енергија 27% од потрошувачката веќе е „зелена“.

Реално во последните години цената на електричната енергија од обновливи извори започна да паѓа со над 30% за централите на ветер (во периодот 2004 – 2015 година) и со 80% за соларните централи (меѓу 2010-та и 2015-та година).

Лоша вест за секторот сепак е падот на инвестициите во обновливи извори. Во оваа фаза и земји како Луксембург, Холандија и Велика Британија не ги исполнуваат целите на европската стратегија.

Комесарот за енергетика во ЕУ, Мигел Ариас Канете коментира пред „Politico“ и идеите на новиот претседател на САД, Доналд Трамп. Според Канете неговата еколошка политика нема да ги запре плановите на ЕУ за обновливи извори.

„За нас нема алтернатива“, категоричен е тој и додава дека фактите се категорични – зелената енергија е поконкурентна во однос на трошоците и во некои случаи и поевтина од фосилните горива.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП