1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПо првиот квартал Тојота лидер во светот по продажба

По првиот квартал Тојота лидер во светот по продажба

New-Toyota-Cars-in-N-Charlotte

Тојота го задржа статусот најголема светска авто-компанија поради тоа што во првиот квартал од оваа година продаде 2.43 милиони возила.

На второто место по продажба се најде американскиот Џенерал Моторс со 2.36 милиони продадени возила, додека третото место му припадна на Фолскваген со продадени 2.27 милиони автомобили.

Јапонската Тојота остана на првото место по продажба, иако тие забележаа пад од 2.2 проценти во Кина и Јапонија. Од друга страна Џенерал Моторс забележа раст во продажбата за 3.6 проценти, а пак Фолксваген од 5.1 проценти.

Продажбата на Тојота во Кина во првиот квартал падна за 13 проценти поради анти-јапонското расположение поради територијалниот спор, а во Јапонија забележа пад од 15 проценти затоа што беа занемарени субвенциите за возилата со хибриден погон кои помалку ја загадуваат околината.

Меѓутоа во Северна Америка продажбата на возилата од гамата на Тојота порасна за седум проценти, како и во многу земји во Азија.

Тојота пред две години го загуби првото место во светот поради земјотресите и цунамито во Јапонија кога остана без делови од добавувачите.

Овој јапонски производител на првото место по продажба за првпат дојде во 2008-та година, а претходно таа позиција седум децении ја заземаше Џенерал Моторс.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП