3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМОН со грантови за промовирање на мултикултурализмот и меѓуетничка интеграција во образованието

МОН со грантови за промовирање на мултикултурализмот и меѓуетничка интеграција во образованието

obrazovanie grantovi33

Вкупно 49 програми од училиштата од основно образование и 14 програми од училиштата од средно образование ќе бидат поддржани со грантови од Министерството за образование и наука, за реализирање на активностите кои се однесуваат на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата во образованието.

„Со цел зајакнување и поддршка на активностите кои придонесуваат за развој и унапредување на мултикултурализмот, меѓуетничката интеграција и толеранцијата во образованието, направивме измени во законот за основно образование и законот за средно образование со кои на сите училишта им овозможивме со креативни програми во таа сфера на воспитно образовниот процес, да аплицираат во министерството за oбразование и наука и да се стекнат со парични средства за реализација на истите во висина до триесет илјади денари“, рече министерот Пиштар Лутфиу.

Во квалитативна смисла, од програмите се очекува планираните активности да имаат за цел интеракција на етнички/јазично мешани групи учесници во балансирани групи учесници според етничката припадност, полот и возраста

Во интеракцијата учениците од еден наставен јазик/едната етничка група контактираат со учениците од другиот наставен јазик/другата етничка група, со рамноправен третман на учесниците, постигнување конкретни -заеднички цели (опипливи/видливи продукти) со учество на сите застапени етнички заедници.

Комисиите одобрија вкупно 49 програми од училиштата од основно образование и 14 програми од училиштата од средно образование. Одобрените програми ќе бидат објавени денес на Веб страната на Министерството за образование и наука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП