18 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на акциите на Волстрит со најголем дневен пад во оваа година

Цените на акциите на Волстрит со најголем дневен пад во оваа година

wall stre35

Одлуките на американскиот преседател Доналд Трамп за привремена забрана на влез на имигрантите ги загрижи инвеститорите, поради што цените на акциите на Волстрит забележаа најголем дневен пад во оваа година бидејќи.

Dow Jones ослабе за 122 бодови или 0,61 отсто, на 19.971 бодови, додека S&P 500 склизна за 0,60 отсто, на 2.280 бодови, a Nasdaq индексот за 0,83 отсто, на 5.613 бодови.

Инвеститорите се внимателни поради најавените протести во САД и бројните негативни реакции од светот по одлуката на Доналд Тамп со која на четири месеци го суспендираше влегувањето на беглиците во САД, а на три месеци го забрано влезот во зејата на 7 мускимански земји.

Тоа доведе до депортација на стотина луѓе кои пристигнаа на американските аеродроми, што предизвика серија протести во САД, но и голем број на реакции кои ја доведоја до прашање законитоста на еден таков потег на Трамп.

Од моментот кога Тремп беше избран за преседател, цените на акциите забележаа силен раст и достигнаа рекордни нивоа, бидејќи инвеститорите очекуваат дека Трамп ќе ги исполни ветувањата во врска со намалувањето на даноците, зголемувањето на фискалната потросувачка и олабавената регулатива.

Но, во последните неколку дена инвеститорите се плашат дека Трамп може да продолжи со протекционистичката политика, по објавувањето за воведувањето на 20 отсто данок за увоз на производи од Мексико, што би можело негативно да влијае врз трговијата во светот и на финансиските пазари.

Поради тоа вчера Dow Jones забележа најголем дневен пад од октомври, а S&P 500 и Nasdaq индексот од крајот на декември.

Најголем пад вчера забележаа акциите во технолошкиот сектор, кој отворено се спротистави на забраните на Трамп бидејќи тоа го отежнува доаѓањето на таленти од светот во САД.

Инвеститорите се претпазливи, бидејќи во вторник почнува лидерската средба на американската централна банка FED, како и поради тоа што се чекаат кварталните извештаи за неколку големи компании како што се Apple и Facebook.

И на европските берзи цените на акциите вчера забележаа пад. Лондонскиот FTSE индекс ослабе за 0,92 отсто, на 7.118 бодови, додека франкфуртскиот DAX склизна за 1,12 отсто, на 11.681 бодови, a парискиот CAC за 1,14 отсто, на 4.784 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП