20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАBrexit и последиците врз енергетската безбедност на Британија

Brexit и последиците врз енергетската безбедност на Британија

gas339933

Излегувањето на Велика Британија од Европската унија ќе има значителен ефект врз бројни области. Една од нив е енергетската безбедност, пишува аналитичарот Тиери Брос за енергетското месечно издание на Оксфордскиот универзитет.

Студијата се базира на влијанието на „Brexit“ врз гасниот пазар и е само дел од серијата публикации, поврзани со претстојните преговори меѓу ЕУ и Велика Британија.

Брос наведува дека ефектот од напуштањето на заедницата треба да биде разгледан на повеќе нивоа – влијание врз самата британска економија, врз останатите земји во ЕУ и на Ирска – земјата ќе остане дел од заедницата, но ќе биде „одвоена“ од неа поради Британија.

Британија има свој принос на природен гас, но тој не е доволен за да се покрие домашната потрошувачка, посочува аналитичарот. Околу 42% од потрошувачката се покрива од увоз – од ЕУ и Норвешка. Во следните години локалната екстракција ќе се намалува, а производството на гас од шкрилци засега не дава надеж дека трендот може да се промени, посочува уште Брос.

Зависноста од природен гас е сериозен проблем за Ирска – земјата увезува 97% од потрошувачката на природен гас од Велика Британија, односно „заедницата“ на гас. По излегувањето на Британците од ЕУ сепак овој гас веќе ќе биде „странски“, односно увозот. А и гасот кој земјата го увезува, ќе поминува низ Велика Британија, односно држава надвор од „заедницата“.

По излегувањето на земјата, ЕУ исто така ќе се покаже во зависна ситуација од увозот на природен гас.

Благодарение на локалната екстракција Британија реално извезува гас, но во зимските месеци се претвора во нето увозник поради недостаток на капацитет за складирање на природниот гас. Во случај на екстремна ситуација тоа ќе се покаже како клучна, бидејќи и Велика Британија, и Ирска, нема да може да смета на механизмот за солидарност на ЕУ.

Лондон ќе треба да ја разгледа својата „гасна“ дипломатија – веќе ќе треба да преговара самостојно со Норвешка, од каде доаѓаат 38% од увезениот гас, е запишано уште во студијата на Оксфордскиот универзитет.

И Велика Британија, и Ирска, која ќе биде одвоена од ЕУ, имаат многу мал капацитет за складирање на гас – односно 6,6% и 5,2% од годишната потрошувачка, што ќе ги стави двете земји во неповолна позиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП