20 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРасте бројот на работниците во индустријата

Расте бројот на работниците во индустријата

industrija-rabotnik

Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на бројот на работниците во индустријата во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, изнесува 99.1.

Бројот на работниците во секторот Рударство и вадење на камен во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, бележи пораст од 1.8%, во секторот Преработувачка индустрија бележи опаѓање од 1.1%, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 0.5 %.

Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во декември 2016 година, во однос на декември 2015 година, бележи опаѓање кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 3.7%, додека пораст бележи кај Енергија за 1.0%, Интермедијарни производи, освен енергија за 0.5%, Капитални производи за 5.4% и Tрајни производи за широка потрошувачка за 7.0%.

Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари – декември 2016 година, во однос на периодот јануари – декември 2015 година, изнесува 100.1.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП