9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчкиот долг ќе „експлодира“ на 275 проценти од БДП

Грчкиот долг ќе „експлодира“ на 275 проценти од БДП

1394215177588f45c962b01350171800_w640

Јавниот долг на Грција може да биде одржлив, соопшти Европскиот стабилизационен механизам (ESM), одговарајќи на обелоденетиот извештај на Меѓународниот монетарен фонд.

Според тој извештај, долгот на Грција „ќе експлодира“ на 275 проценти од БДП до 2060 година, пренесува агенцијата Ројтерс.

Портпаролот на спасувачкиот фонд на еврозоната изјави дека курсот за оздравување на грчките јавни финансии, договорен меѓу Атина и еврозоната, е кредибилен и е поддржан со низа вонредни мерки во случај на непредвидливи околности.

„Веруваме дека товарот од грчкиот долг може да биде оддржлив, доколку договорените реформи бидат во целост спроведени, и благодарение на неверојатно поволните кредитни услови на ESM на долг рок и неодамна усвоените краткорочни мерки за ублажување на долгот, се наведува во соопштението на ЕСМ.

Во процедурален документ на ММФ, во кој Фајненшл тајмс имаше увид, Фондот пресметал дека јавниот долг на Атина ќе достигне 170 проценти од БДП до 2020 година.

Долгот, сепак, ќе стане уште „поексплозивен“ по тоа што во 2060 година ќе достигне дури 275 проценти од БДП, пренесува ФТ повикувајќи се на извештајот на ММФ.

Портпаролот на ESM, сепак, изјави дека еврозоната ветила дека ќе и понуди на Грција дополнително ублажување на товарот од долгот доколку Атина ги исполни ветените реформи.

„Поради тоа нема причина за алармантни прогнози за грчката должничка ситуација“, вели тој.

ММФ веќе подолго време ја повикува еврозоната значително да го ублажи товарот од долгот на Атина, но Германија остро се противи на таквиот потег, наведува британската агенција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП