19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШведска нема да пречи во изградбата на „Северен поток 2“

Шведска нема да пречи во изградбата на „Северен поток 2“

potok severen dva3

Шведската влада нема да ги запира плановите на „Газпром“ за проширување на гасоводот „Северен поток“, изјави министерот за надворешни работи Маргот Валстром, цитирана од агенциите.

Тоа значи дека локалните власти во Карлсхамн ќе проценат дали проектот на компанија за гасоводот ќе може да го користи локалното пристаниште за реализацијата.

„Ако Карлсхамн одлучи, тоа нема да е закана за политиката за одбрана“, коментира Валстром.

Според информации на „ТАСС“ локалните власти ќе го поддржат проектот, кој ќе донесе дополнителни работни места и приходи од 100 милиони круни (11,2 милиони долари)

Од размислувања за националната безбедност на крајот на 2016-та година остров Готланд не дозволи локалното пристаниште да биде употребено при изградбата на „Северен поток 2“.

Тогаш локалната администрација повикувајќи се на проценка на централната власт, според која користењето на пристаништата Слите, кое се наоѓа на островот, и Карлсхамн ќе има негативен ефект врз политиката за одбрана на Шведска.

Сега сепак шведската влада ја менува одлуката и коментира дека пристаништето може да биде употребено, ако бидат прифатени дополнителни мерки за безбедност. Уште повеќе што пристаништето во Карлсхамн веќе прифаќа бројни руски бродови, макар и да се наоѓа само на 50 километри од големата морска база Карлскруна.

„Ројтерс“ наведува дека активноста на руските војници во Балтичкото Море се зголемила по анексијата на Крим во 2014-та година. Тоа ја принуди шведската влада да распореди војници на островот Готланд за прв пат по една деценија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП