17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарско село воведе сопствена валута

Швајцарско село воведе сопствена валута

isenau-jpg

Со цел да се поттикне локалната економија и финансирање на новата жичарница, село во Швајцарија воведе своја валута, за која локалните жители велат дека е од суштинско значење за иднината на регионот.

Во оптек се пуштени 50.000 монети во селото и во скијачкиот центар Ле Диаблере, а се прикажуваат на секоја жичара, односно во кабините во стил на гондола.

Валута го добила името Isenau (исеану), по скијачкиот центар над селото до кој се доаѓа со дотраен лифт.

Станува збор за иницијатива на Фондацијата за одбрана на интересите на Исенау и иницијаторите се надеваат дека ќе соберат 250.000 швајцарски франци за да го финансираат проектот.

Парите ќе бидат во оптек најверојатно до крајот на април. Иницијативата била иницирана откако регионот ја загубил финансиската поддршка од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП