2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастат платите и потрошувачката во САД, дополнителен поттик за 2017-та

Растат платите и потрошувачката во САД, дополнителен поттик за 2017-та

1302216894588f7840f088d105468252_w640

Приватната потрошувачка во САД во декември минатата година пораснала со најбрзото темпо за три месеци, што на најголемата светска економија и даде поттик при влезот во 2017 година.

Приватната потрошувачка пораснала за 0,5 проценти во декември, што е значително подобрување во однос на скромниот раст од 0,2 проценти од ноември и најдобриот податок откако потрошувачката скокна за 0,7 проценти во септември, според податоците на американското Министерство за трговија, пренесува агенцијата АП.

Приходите на граѓаните исто така остварија извесен напредок, благодарение на скокот од 0,3 проценти во декември.

Податоците за приватната потрошувачка се следат со внимание, бидејќи таа изнесува 70 проценти од економските активности на САД.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП