4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија преговара со банки за нивно преместување во Франкфурт по Brexit

Германија преговара со банки за нивно преместување во Франкфурт по Brexit

ulica baki2

Германските топ регулатори се сретнале со околу 50 претставници на странски банки во понеделникот, со цел да им разјаснат како можат да го преселат бизнисот во најголемата европска економија, откако Велика Британија ја напушти Европската унија (ЕУ). Веста ја објави главниот финансиски регулатор во Германија „BaFin“, цитиран од агенциите.

„BaFin“, кон кој се обратиле голем број банки во последниве недели, тврди дека одговорила на различни прашања на финансиските институции, на пример како да добијат банкарски лиценци во Германија.

Питер Луц, официјален претставник на „BaFin“ задолжен за банкарската супервизија, тврди дека властите сакаат да им помогнат на банките кои размислуваат слично преместување, со цел да им се разјаснат какви точно се правилата во Германија.

„Странските банки се добредојдени”, коментира Луц, додавајќи дека британски банки, „вистинските британски банки“, како и оние од Јапонија и Австралија, биле присутни на состанокот.

Тој тврди дека јасно им ставиле до знаење дека ќе се применуваат строги правила.

„Не е доволно да имаат тука само поштенско сандаче“, коментира тој, додавајќи дека високите менаџери, исто така треба да се базирани во Германија.

Средбата ја нагласува зголемената желба за отворање на алтернативи на Лондон, откако британскиот премиер Тереза Меј изјави дека Велика Британија ќе го напушти единствениот пазар на ЕУ – потег кој ќе го изолира Лондонски „Сити“ од многу европски клиенти.

Директорите, и тоа претежно оние кои се одговорни за регулаторните прашања од банки кои ги  вклучуваат „Morgan Stanley“, „Goldman Sachs“ и „Citigroup“, биле на средбите во канцелариите на „BaFin“ во Франкфурт, тврдат извори запознаени со ова прашање. И трите банки одбиваат да го коментираат прашањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП