2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвата фотографија на FIAT 500 XL

Првата фотографија на FIAT 500 XL

fiatxl

На интернет се појави првата фотографија на продолжената верзија на „FIAT 500L“. Новиот модел кој исто така ќе се изработува во Крагујевац најверојатно ќе ја носи ознаката „500XL“ и ќе може да превезе седум патници, а според претходните најави сериското производство ќе започне следниот месец.

Според досегашните информации „500XL“ ќе има исто меѓуосовинско растојание како и кај моделот со пет седишта, а вкупната должина е поголема за 200 mm што е доволно да се додаде уште еден ред седишта. Покрај ова автомобили би требало да има поголем багажник за околу 100 литри.

Се очекува моторите да бидат превземени од „FIAT 500L“. На располагање се два бензински мотори, 1.4 литарски четирицилиндричен мотор со 95 ks и 0.9 литарски двоцилиндричен „TwinAir“ кој развива 105 ks, а на располагање ќе бидат и два дизел агрегати, 1.3 литарски „MultiJet“ со 85 ks и 1.6 литарски „MultiJet II“ со 105 ks.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП