27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИВработените на Југохром со протест и блокада на автопатот Тетово – Скопје

Вработените на Југохром со протест и блокада на автопатот Тетово – Скопје

jugohorm jegunovce

Протест и блокада на регионалниот пат Тетово – Скопје, во близина на наплатната рампа во Желино, најави за вторник од 11 до 13 часот синдикатот на Југохром.

Државниот инспекторат за животна средина на 2 ноември минатата година му нареди на комбинатот да ги исклучи сите печки, бидејќи не успеал на време да монтира заштитни филтри на оџаците.

Еколошките организации од полошко го посочуваат „Југохром“ како главен загадувач на воздухот во овој дел на земјата.

Синдикатот на „Југохром“ бара да се тргне забраната за работа на фабриката затоа што, како што велат, возможно е поставувањето филтри во текот на работниот процес.

Ако не бидат исполнети нивните барања, управата најави отпуштања на работниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП