17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлокиран сообраќајот на граничниот премин Богородица поради штрајк

Блокиран сообраќајот на граничниот премин Богородица поради штрајк

granicen-premin-3

Сообраќајот на сите патни правци низ државата се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози. Од понеделникот, од 16:30 часот на граничниот премин Евзони се поставени трактори, поради што сообраќајот не функционира во двата правци, и за патнички и за товарни моторни возила преку граничниот премин Богородица.

Сообраќајот на патниот правец, А3 Прилеп – Битола – Ресен, преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола.
На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП