8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкциите на банките во фокусот на инвеститорите на МСЕ

Акциите на банките во фокусот на инвеститорите на МСЕ

mk-berza224

Првиот ден од новата трговска седмица на Македонската берза за хартии од вредност мина во знакот за засилениот интерес на вложувачите за акциите на банките.

На денот на објавата на неревидираниот биланс на успех за периодот од 01.01 до 31.12.2016 година, со акцијата на Комерцијална Банка беа истргувани вкупно 757 акции преку 10 трансакции.

Цената на оваа акција се коригираше надолу за минимални 0,06 отсто, и се тргуваше по просечна цена од 2.955 денари.

На второ место по прометот се најде акцијата на НЛБ Банка АД со која беше истргувано количество од 100 лотови, по цена од 9.900 денари.

Вкупниот промет изнесуваше 6,1 милиони денари реализиран преку 50 трансакции.

Стопанска Банка АД Битола во понеделникот објави предлог одлука за именување членови на Надзорен одбор.

Индексот МБИ-10 забележа раст од 0,34 отсто, и заврши на 2.243,88 индексни поени, додека, пак, индексот ОМБ остана на истата позиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП