28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСилен раст на шпанската економија во 2016-та

Силен раст на шпанската економија во 2016-та

shpanija6

Шпанската економија пораснала минатата година 3,2 отсто, покажаа податоците објавени во понеделник, потврдувајќи го закрепнувањето на земјата од тешката економска криза, предизвикана од колапсот на пазарот на недвижнини, предизвикувајќи огромна невработеност и продлабочувајќи ја нееднаквоста во општеството.

Со тоа шпанскиот БДП минатата година пораснал со исто темпо како и во 2015 година. Воедно, стапката на раст спаѓа меѓу најголемите во Европа.

Според достапните статистики на европската статистичка канцеларија, просечниот раст во еврозоната во третото тромесечје на годишно ниво изнесуваше 1,7 отсто.

Шпанската економија во 2016 година беше поткрепено од ниските цени на бензините и високата домашна побарувачка во контекст на падот на невработеноста, како и рекордниот извоз и резултатите во туристичкиот сектор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП