26 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнфлацијата во Германија го достигна целното ниво на ЕЦБ

Инфлацијата во Германија го достигна целното ниво на ЕЦБ

de inflata33

Инфлацијата во Германија продолжува да се забрзува и во јануари, достигнувајќи го највисокото ниво од три и пол години, соопштува „Ројтерс“.

Потрошувачките цени во федералната република забележа раст од 1,9% на годишна основа, што е точно со целното ниво на Европската централна банка – малку под 2%. Очекувањата на економистите анкетирани од „Ројтерс“, беа за 2-процентно зголемување. Во декември растот беше 1,7 отсто.

Податоците на статистичката служба „Destatis“ најверојатно ќе дадат нов импулс на повиците од Германија кон ЕЦБ да се стави крај на овој вид монетарна политика.

„Времињата на ниска инфлација во Германија завршија“, вели Улрике Кастенс, економист во германската банка „Sal. Oppenheim“. Според нејзиното мислење поскапата нафта ќе го „катапултира“ растот на потрошувачките цени до ниво од над 2% во следните месеци. Кастенс предвидува дека во 2017-та година инфлацијата ќе се зголеми во просек од 1,8%.

Податоците на „Destatis“ покажуваат дека растечките цени на енергијата и храната се главните мотори на забрзувањето на инфлацијата во првиот месец од годината.

Економистите анкетирани од „Ројтерс“, очекуваат инфлацијата во целата еврозона да се забрза од 1,1% во декември до 1,5 во јануари. Официјалните податоци се очекуваат во вторник.

На месечна база цените во првиот месец од годината се намалуваат за 0,6%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП