3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМожна е средба на Трамп и Путин пред Г20 самитот во јули

Можна е средба на Трамп и Путин пред Г20 самитот во јули

Donald-Trump-3

Кремљ објави во понеделникот дека е прерано да се зборува за каков и да е договор со САД за укинување на санкциите против Русија, но и дека претседателот Владимир Путин би можел да се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп пред самитот Г20 во јули.

Претседателите Путин и Трамп телефонски речиси еден час разговараа во саботата вечерта, а Кремљ и Белата куќа оценија дека минал во позитивна атмосфера.

„Малку е веројатно дека може да се зборува за некаков вид договор (за санкциите)“, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков одговарајќи на новинарско прашање.

„За почеток, мораме да го одредиме датумот и местото на средбата на двајцата претседатели. Соработниците работат на тоа“, рече портпаролот на Кремљ и додаде дека би можеле да се сретнат пред самитот на групата земји од Г20 кој е предвиден за 7-ми и 8-ми јули во германски град Хамбург.

Песков рече дека Путин и Трамп не разговарале за санкциите во телефонскиот разговор, првиот по инаугурацијата на американскиот претседател.

Но дека „Видовме подготвеност за решавање на тешките проблеми со дијалог, на кои претседателот Путин веќе подолг период повикува, а за жал, последните години на тоа немаше одговор“.

„Телефонскиот разговор меѓу двајцата претседатели во саботата покажа меѓусебно почитување“, рече во понеделникот рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров. Путин и Трамп се согласија да се обидат повторно да ги изградат американско-руските односи и да соработуваат во Сирија.

Трамп од своја страна сака повторно зближување со Москва доколку може да постигне договор со Путин, кој исто така сака обновување на соработката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП