18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦените на акциите на европските берзи забележаа пад

Цените на акциите на европските берзи забележаа пад

berzi-berza-aziski-evropski-amer

На европските берзи во понеделникот наутро, цените на акциите забележаа пад, како и на азиските берзи, со оглед на тоа што инвеститорите стравуваат дека политиката на претседателот Доналд Трамп би можела да ги дестабилизира финансиските пазари.

STOXX 600 индексот на водечките европски акции во 9:30 часот беше во минус од 0,6 отсто.

Лондонскиот FTSE, франкфуртскиот DAX и парискиот CAC индекс 9:30 часот беа во загуба помеѓу 0,5 и 0,8 отсто.

Инвеститорите се внимателни поради протестите во САД и голем број на несакани реакции од светот на одлуката на Доналд Трамп со која за четири месеци го суспендираше влегувањето на бегалци во САД, а тримесечна забрана за влез им стави на седум муслимански земји.

Ова доведе до депортација на стотици луѓе кои пристигнаа на аеродромот САД, што предизвика серија протести во САД, но и голем број на реакции кои доведуваат до прашање за легалност овој потег на Трамп.

Инвеститорите стравуваат дека Трамп може да продолжи со протекционистичка политика, откако најави воведувањето на 20 отсто царина за увозот на производи од Мексико, што би можело негативно да влијае врз трговијата во светот и на финансиските пазари.

Освен на европските и азиските акции ова утро и американскките индекси се во минус за околу 0,2 отсто, шти најавува пад на цените на акциите на денешното тргување на Волстрит.

Инвеститорите се претпазливи и поради тоа што во петокот беше објавено дека американската економија во последниот квартал од минатата година се зголемила многу побавно отколку во претходниот квартал и побавно од очекувањата на аналитичарите.

Лошо влијание на пазарот има и падот на цената на нафтата бидејќи податоците покажуваат дека производството расте, што би можело да го намали и позитивното влијание од намалувањето на производството на ОПЕК на цената “црното злато”.

Откако во петокот забележа пад за повеќе од 1 отсто, утрово цената на барел на пазарите на Лондон и САД склизна за дополнителни 0,4 отсто.

И на азиските берзи цените на акциите ова утро забележаа пад, па така MSCI индексот на азиско-пацифички акции, без јапонските во 9:30 часот беше во минус од 0,4 отсто. На берзата во Токио Nikkei индексот склизна за 0,5 отсто, на 19.368 бодови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП