ПочетнаЕКОНОМИЈАСтруктурно истражување за земјоделските стопанства во Македонија

Структурно истражување за земјоделските стопанства во Македонија

zemjodelski

Според податоците од истражувањето на Државниот завод за статистика, вкупниот број на земјоделски стопанства во Република Македонија изнесува 178.125.

Просечно, едно земјоделско стопанство користи 1.8 хектари земјоделско земјиште и има 2.1 добиточни единици.

Вкупното користено земјоделско земјиште од страна на земјоделските стопанства изнесува 320.738 хектари, а од вкупниот број на стопанства, 60.8% користат до 1 хектар земјоделско земјиште.

Земјоделските стопанства имаат вкупно 381.361 добиточна единица.

Од техниките на ѓубрење, 37.9% од земјоделските стопанства користат нанесување на ѓубривото без заорување во почвата, додека од методите на наводнување, најчесто користен е методот на површинско наводнување.

Комплетниот извештај во бројки можете да го видите тука.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП