19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАDubai Expo 2020 ќе довери 47 градежни проекти за 3 милијарди долари

Dubai Expo 2020 ќе довери 47 градежни проекти за 3 милијарди долари

dubai expo33

Светскиот саем во Дубаи во 2020-та година (Dubai Expo 2020) планира да додели 47 градежни проекти оценети на 11 милијарди дирхами (3 милијарди долари) во оваа година. Ова ќе обезбеди познат економски поттик на Обединетите Арапски Емирати, додека цената на нафтата останува пониска, соопштува „Bloomberg“.

Договорите кои се отворени, како за домашните, така и за странските компании, се дел од третиот и последен инфраструктурен пакет за настанот, соопшти „Dubai Expo 2020“. Покрај тоа, ќе бидат доделени и други 98 нарачки надвор од градежниот сектор во вредност од 360 милиони дирхами.

Се очекува економијата на Дубаи да се прошири со 3,1% во оваа година по раст од 2,7% во реални услови во 2016-та година, изјави шеикот Ахмед бин Саид ал-Мактум, претседател на Комисијата за економски развој на емиратот, пред „Bloomberg“ претходно во овој месец. Се очекува Светското шоу кое ќе биде првото во Блискиот Исток, да го забрза растот во емиратот до над 5% до 2020-та година, покажуваат проценките на Меѓународниот монетарен фонд.

„Ангажирани сме да работиме со водечки компании од целиот свет, за да понудиме извонреден настан од гледна точка на скалата на време и во рамките на буџетот“, вели Ријам ал-Хашими, државниот министер на Обединетите Арапски Емирати за меѓународна соработка и генерален директор на „Dubai Expo 2020“, во соопштението.

Владата на Дубаи гради аеродром, кој ќе стане најголемиот во светот, во близина на местото на настанот и планира да го премести во него седиштето на авионскиот превозник „Emirates“ до 2025-та година. Организаторите имаат за цел да завршат поголем дел од изградбата една година пред отворањето на саемот во октомври 2020-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП