18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАТурција очекува околу пет милиони руски туристи

Турција очекува околу пет милиони руски туристи

istanbuldbno7uy39jsojcf

Турција очекува дека во текот на 2017 година ќе угости околу пет милиони руски туристи, изјави претседателот на Светскиот туристички форум Булут Багџи.

„Вашата земја е голема. Турција во 2015 година беше шеста земја во светот според бројот на туристи. Русите, покрај Турција, ги посетуваат и Тајланд, Шпанија, Италија и многу други земји. Подготвени сме за тоа дел од руските туристи повторно да ја одберат Турција во однос на некои други туристички дестинации. Подготвени сме за тоа, и очекуваме околу пет милиони Руси во земјата во 2017 година, изјави Багџи.

Тој додаде дека тоа, за сега, се само орентациони прогнози, но дека во април и мај можно е да бидат изнесени поконкретни проценки, кога ќе биде познат бројот на рано уплатените аранжмани.

Светскиот туристички форум е основан во 2014 година, а неговото седише е во Истанбул.“

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП