Јапонскиот производител на автомобили „Тојота“ соопшти дека во текот на 2016-та има продадено 10,17 милиони возила, што е помалку од „Фолксваген“ (VW) кој продаде 10,31 милиони.
„Џенерал Моторс“ (GM) своите податоци од продажбата ќе ги соопшти во текот на идната недела.
Доколку биде потврдено, првото место ќе биде големо достигнување за „Фоксваген“ чија репутација забележа пад по скандалот со лажирањето на тестовите за издувни гасови.
„Тојота“ четири години беше прва според продажбата која забележа пад само во 2011-та и тоа како последица на земјотресите и цунамите во Јапонија.
„GM“ беше лидер според продажбата повеќе од седумнаесет години, се до 2008-ма, кога „Тојота“ го надмина за прв пат, пред се на американскиот пазар.
Продажбата на „Тојота“ била подобра во споредба со лани, отколку во 2015-та за 0,2 отсто што не беше доволно да го надмине „VW“ чија продажба забележа раст за 3,8 проценти.
Додека официјалните лица од „Тојота“ во повеќе прилики потенцираа дека првото место во светот не ги интересира, толку колку што сакаат да произведуваат квалитетни возила, а пак од „VW“ имаа премногу желба да се најдат на лидерското место.