26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСообраќајот се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози

Сообраќајот се одвива во зимски услови по наместа влажни коловози

sneg patista 35

Сообраќајот на патните правци низ државата се одвива во зимски услови и по наместа влажни коловози. Снег со слаб интензитет провејува во Битола, Ресен и на планинските премини Буково и Ѓавато.

Сообраќајот на патниот правец А3 Прилеп – Битола – Ресен преку Обиколница Битола е во прекин поради свлечиште и сообраќајот се пренасочува преку градот Битола. На самото место поставена е соодветна сообраќајна сигнализација.

АМСМ препорачува исклучително внимателно возење, прилагодена брзина на движење и почитување на поставената сообраќајна сигнализација.

Во клисурите и засеците можна е почеста појава на одрони, особено на патните правци: Кочани -Мак. Каменица – Делчево, Виница – Берово, Гостивар – Стража, Маврово – Дебар – Струга, Д. Капија – Удово, Катланово – Велес, Крушево – Демир Хисар и Ресен – Буково.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини нема подолги задржувања за влез и за излез од државата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП