3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДенес започнува екстерното тестирање

Денес започнува екстерното тестирање

eksterno-testiranje-1

Екстерното тестирање започнува денес и ќе трае до крајот на неделата.

Оваа година, како што соопшти Министерството за образование и наука, поради продолжување на зимскиот распуст, екстерно проверување на постигањата на учениците ќе се спроведе од 30 јануари до 3 февруари 2017 година.

Екстерното тестирање ќе опфати 18.600 ученици од завршните години во средното образование, соопшти Државниот испитен центар.

Една недела пред тестирањето учениците добија информација за деновите на тестирање, а три дена пред тестирањето (27 јануари 2017) беа објавени и предметите по кои ќе бидат проверувани.

Прелиминарните резултати ќе бидат објавени на 7 февруари 2017.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП