26 април, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОСП 2017: Франција ја одбрани титулата светски првак

СП 2017: Франција ја одбрани титулата светски првак

france-hand

Ракометната репрезентација на Франција ја одбрани светската титула на Мундијалот кој се одржуваше во оваа земја во изминатите две недели. Французите во големото финале ја победија Норвешка со 33:26 (18:17).

Франција е ракометна велесила која доминира речиси две децении во светскиот ракомет. Пред стартот на 25-то Светско првенство Французите беа фаворити број еден за титулата, а по елиминацијата на Данска и Германија, тие и немаа конкуренција во походот на титулата.

„Експертите“ ја одбранија титулата од претходното СП во Катар и ја освоија шестата светска титула. Триколорите победија на пет од последните шест СП. Селекторот на Франција, Диде Динар, кој освојуваше титули како играч, а потоа и како асистент на Клод Онеста, ја освои својата прва голема титула како селектор, додека ракометната легенда Тијери Омејер го освои петтиот златен медал на Мундијалите.

Франција, со цврста одбрана во второто полувреме која ја предводеше голманот Жерард, ја спречија транзицијата на Норвежаните ги натераа на голем број на грешки и на крајот триумфираа.

Норвешка во финалето играше 25 минути, кога доминираше на теренот и без премногу проблеми одржуваше предност од три гола разлика. Пресвртот во играта се случи кога Жерард го замени на голот индиспонираниот Омејер.

Жерар прими шест гола од првите шест удари, но потоа во 25.минута при резултат 13:16, одбрани три зицери и го најави пресвртот.

Франција во периодот од 25. до 35.минута направи серија 9:2, во која Жерар учествуваше со шест интервенции. Кога Французите создадоа комотна предност 22:18, која лесно ја одржуваа, а во 54.минута ја имаа највисоката предност од осум голови 31:23.

Најдобриот француски ракометар Никола Карабатиќ го предводеше тимот со шест голови, а по пет постигнаа Порт, Гигу и Мае. Голманот Жерар натпреварот го заврши со 11 интервенции.

Во норвешката репрезентација блескаше голаманот Бергеруд со 13 интервенции, а стрелците ги предводеа Тонесен со пет, односно Лие Хансен, Мирхол и Бјорнсен кои постигнаа по четири голови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП