21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБарселона забрани отворање на нови хотели во центарот на градот

Барселона забрани отворање на нови хотели во центарот на градот

grad barselona3

Општината на Барселона, вториот по големина град во Шпанија, усвои план за урбанизација, со кој се забранува отворање на нови хотели во центарот, кој е заситен со туристички локалитети.

Главната причина е дека многу жители на Барселона беа принудени да го напуштат соседството поради „притисокот врз пазарот за недвижнини, поврзан со туризмот“.

Каталонската општина, предводена од градоначалникот од левицата Ада Колау, ја презеде оваа мерка, за да започне да го регулира туризмот, најави одговорната за туризмот Жанет Санс.

„Град, кој привлекува туристи, не крие проблеми, но тоа не треба да им штети на неговите жители“, рече Санс.

Пред да го преземе управувањето на овој град во јуни 2015-та година, Ада Колау ја создаде прочуената платформа за борба против протерувањето на поединци, заглавени во долгови, од нивните домови.

Барселона, чие население е 1,6 милиони луѓе, „се гуши“ од приливот на туристи од целиот свет. Во 2016-та година градот го посетиле околу 30 милиони луѓе, посочува општината.

Во одделни населби во центарот на Барселона има повеќе надворешни посетители отколку локални жители. Половина од понудата на туристички локалитети за сместување е насочено кон 17 проценти од територијата на Барселона, вели градоначалникот.

Во 2015-та година беше замрзнато давањето на хотелски лиценци.

Вчера асоцијацијата на хотелиери, трговците и ресторани изјави дека на овој начин општината одлучила да го парализира секторот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП