18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFitch го намали кредитниот рејтинг на Турција до ниво „ѓубре“

Fitch го намали кредитниот рејтинг на Турција до ниво „ѓубре“

istan3

Меѓународната агенција „Fitch“ го намали кредитниот рејтинг на Турција до ниво „ѓубре“, истакнувајќи што се случува во политиката и областа на безбедноста, што ги „поткопува економските показатели и институционалната независност“, пренесуваат агенциите.

Суверениот долг на Турција беше деградиран до „ББ +“ со стабилни изгледи, соопшти агенцијата во соопштението. Така сите три големи рејтинг агенции го намалија инвестицискиот рејтинг на Турција по неуспешниот обид за државен удар во јули.

„Измената на Уставот, која може да биде одобрена на референдум во следните месеци, утврдува систем во кој меѓусебната контрола и балансот на властите е уништен“, забележуваат аналитичарите.

На скалата на чистки во јавниот сектор по обидот за преврат „обесхрабри некои од учесниците во економијата“, а серијата терористички напади ја прекршија довербата на потрошувачите и нанесоа штета на туристичкиот сектор, додава агенцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП