27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИMicrosoft ја мина границата од 500 милијарди долари за прв пат по...

Microsoft ја мина границата од 500 милијарди долари за прв пат по 17 години

mikro03

Пазарната проценка на „Microsoft“ ја помина границата од 500 милијарди долари за прв пат од 2000-та година, откако вчера акциите на компанијата забележаа раст од 2.35% до 65.78 долари, што е и највисоката вредност во историјата.

Технолошкиот гигант веќе има пазарна оценка од 510.37 милијарди долари, па така ја поминува границата од 500 милијарди долари за прв пат од март 2000-та година.

И покрај овој раст, пазарната капитализација на „Microsoft“ е далеку зад оценките на „Apple“ и „Alphabet“ висина од 642 и 570 милијарди долари.

Потсетуваме дека при назначувањето на Сатја Недела на функцијата главен извршен директор на компанијата, акциите на компанијата се тргуваа на нивоа од околу 34 долари за готово, а пазарната капитализација беше 314 милијарди долари.

„Microsoft“ објави нето добивка од 5.2 милијарди долари, или 66 центи по акција, што е подобрување во однос на резултатот од 62 центи по акција, постигнат во второто тримесечје од претходната година.

Приспособениот профит на „Microsoft“, кој го исклучува ефектот на некои фактори, како претставувањето на неодамна купената компанија „LinkedIn“, изнесува 84 центи по акција, додека очекувањата на аналитичарите беа за 79 центи.

Исклучувајќи го придонесот на „LinkedIn“ од 228 милиони долари, приходите на „Microsoft“ за кварталот изнесуваат 25.8 милијарди долари, што е над прогнозата на аналитичарите за 25.2 милијарди долари.

Основен придонес за добрите резултати на „Microsoft“ има бизнисот со „облак“ услугите, кој генерираше приходи од 6.8 милијарди долари во кварталот – повеќе од очекувањата како на аналитичарите, така и од сопствената прогноза на „Microsoft“.

Основниот „облак“ производ на компанијата – платформата „Azure“, генерираше речиси двојно повеќе приходи од минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП