2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови давачки за Кина: ЕУ стравува од преплавување на пазарот

Нови давачки за Кина: ЕУ стравува од преплавување на пазарот

1677808753588b84ea7eeca171208401_w640

Европската комисија воведе нови антидампинг давачки за челичните производи од Кина и Тајван со цел да спречи овие производи да го преплават европскиот пазар кој веќе е во проблеми.

Комисијата соопшти дека истрагата потврдила дека кинеските и тајванските цевки од нерѓосувачки челик и фитинзите за цевки ги продаваат во Европа по дампинг цени.

За кинеските проиводи сега давачките ќе изнесуваат од 30,7 до 64,9 проценти, а за тајванските од 5,1 до 12,1 проценти.

Европската комисија соопшти дека „досега невидениот број на одбранбени трговски мерки е воведен поради нефер увозот на производи од челик“.

Од 39 антидампинг мерки на ЕУ, како и мерки против поттикнување, 17 се воведени за прозиводи од Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП