19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРМДЕН09 го одбележа последниот ден на Македонска берза

РМДЕН09 го одбележа последниот ден на Македонска берза

mk berzat99

Сликата на Македонската берза на последниот трговски ден беше слична со онаа од првиот ден оваа седмица, каде обврзницата од деветтата емисија (РМДЕН09) го одбележа денот.

Со оваа обврзница беше остварен промет од 9,9 милиони денари, преку 163.265 истргувани лота по просечна цена од 98 отсто од номиналната врендост. Со ова го зазеде првото место на листата според остварениот промет, а вредноста на обврзницата се зголеми за 2,53 отсто.

Кај акциите во петокот најдинамично беше тргувањето со акциите на Комерцијална Банка и Макпетрол кои имаа промет поголем од 5 милиони денари поединечно.

Акцијата на Прилепска Пиварница со седум истргувани акции ја зголеми вредноста за дури 8,35 проценти.

Вкупниот промет на МСЕ изнесуваше речиси 30 милиони денари, преку 117 реализирани трансакции.

МБИ10 порасна за 0,57 отсто и го заврши денот на 2.236,37 индексни поени, додека ОМБ ја зголеми вредноста за 0,55% или 129,11 индексни поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП