9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСАД нагло забавува, „се лади“ растот

САД нагло забавува, „се лади“ растот

1928558866588b782fd1ca4197953691_w640

Економскиот раст на Соединетите Американски Држави нагло забави во последните три месеци минатата година, поради кризата на извозот.

Тоа значи дека вкупниот годишен раст во 2016 година бил значително понизок во споредба со претходната година, соопшти американското Министерство за трговија.

Првата проценка на бруто домашниот производ на САД покажа дека економијата забележала раст од 1,9 проценти во периодот од септември до крајот на декември 2016 година, што е значително под растот од 3,5 проценти во третиот квартал, пренесува агенцијата Франс прес.

Во цела 2016 година, американскиот БДП е зголемен за 1,6 проценти, што е за цел процентен поен под стапката остварена една година претходно, и најбавното темпо на раст од 2011 година, се наведува во информацијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП